ИЗЛОЖБА ОД АЛЕКСАНДРА КОКОТОВИЌ

Kokotovic,,ART AS A CATALYST FOR SOCIAL CHANGE,, е тематската изложба од Александра Кокотовиќ, визуелна уметница од Србија, што ќе биде поставена од денеска, во Ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Авторката се претставува со дела во различна техника.

Кокотовиќ, освен како визуелна уметница, се изразува и преку сликарството, вајарството, цртежот и графиката. Таа е член на Друштвото на ликовни уметници на Србија и Друштвото на уметници на БиХ.. Родена е во Сарајево, а живеела во Бејрут, Лондон, Белград и САД.

Имала 24 самостојни изложби и преку 40 групни во Србија, БиХ, Полска, САД, Литванија, Албанија, Бугарија, Македонија…..

Ова е прва изложба на Центарот за 2021 година.

Loading