ШАМПИОНСКАТА ТИКВА

TIKVA

Тиквата се  подготвува на повеќе начини. За жал, таа главно се пече, а некои ја варат. Оние кои не ја поднесуваат, не знаат какви хранливи продукт не внесуваат во организмот.

Се употребувала пред 3000 години. Семки се најдени во гробниците на перуанските Индијанци, а жителите на Стара Грција и Рим во исушена тиква чувале разни течности. Диви тикви биле најдени во Северна Африка. Постојат зимски и летни тикви. Зимските може да траат неколку месеци, не губејќи ги своите својства.

Тиквата е шампион по содржина на железо, бакар, и флуор. Содржи калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините С, Е, витамини од групата В, каротин. По каротинот е побогата и од морковот. Располага со лесно сварливи прехранбените влакна. Нема многу калории. Таа ја подобрува работата на срцето, ги зацврстува крвните садови и го намалува отокот. Идеална храна е за луѓе кои страдаат од кардиоваскуларни болести. И за болен црн дроб, треба да се консумира многу тиква, и тоа неварена. Да се подобри вкусот се комбинира со мед, ориз, просо или гриз. Варената тиква е полезна против киселини во желудникот, чир на желудникот и дванаесепалачното црево. Се препорачува пиење на сок од тиква кој е најдобриот природен диуретик. Сурова го поттикнува лачењето на жолчката и помага при запек. Сокот ги зацврстува забите и штити од кариес. Корисна е против анемија.

Тиквата го содржи малку познатиот и малку изучуваниот, витамин Т, кој е смеса од фолна киселина, витамин В12 и ДНА. Го има само во тиквата. Тој активно учествува при формирање на тромбоцитите и помага при згрутчување на крвта, го забрзува процесот на размена на храната во организмот и учествува во процесот на создавање на протеини. Така таа е одличен гарнир со говедско, свинско и други мрсни меса. Цинкот ја подржуват потенцијата кај мажите. Поради големата количина на витамин Е, го забавува стареењето.

Loading