КОВИД ТЕСТОВИ ВО ПРИЛЕП

Центарот за јавно здравје во Прилеп доби донација од Дрекслмајер од Кавадарци

            Ковид тестови и во Прилеп

            Во Центарот за јавно здравје во Прилеп ќе се извршуваат PCR тестирања за детектирање на вирусот благодарение на донацијата на компанијата Дрекслрмајер од Кавадарци. Станува збор за апарат за молекуларната лабораторија на лабораторијата за микробиологија. Новиот апарат претставува автоматски екстрактор на нуклеински киселини РНК и ДНК, а ќе се користи за тестирање примероци од нос и грло од пациенти сомнителни на Ковид 19. Со ова ќе се зголеми капацитетот на тестирања во градот и во околината и ќе се намали времето на чекање за тестирања.  

            -Изразувам огромна благодарност за Дрекслмајер што ни овозможи да ја комплетираме лабораторијата за молекуларно тестирање. Со овој апарат значително ќе се намали времето за чекање на резултатите. Опрема ќе служи и за изолација на нуклеински киселини РНК и ДНК и за други вирусни и бактериолошки испитувања и на идните генерации – рече Д-р. Драгица Николовска, директорка на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Прилеп.

 

sl

            Од почетокот на пандемијата Дрекслмајер во повеќе наврати донираше медицинска опрема на здравствените институции во борбата со Ковид 19. Изминатиот период и болницата во Кавадарци доби 400 брзи тестови за брзо детектирање на вирусот. 

            -Како општествено одговорна компанија се стремиме да излеземе во пресрет онаму каде што е најпотребно. Во времето на глобална здравствена криза, го даваме придонесот за заштита на јавното здравје и ги подобруваме условите за работа на здравствените работници со нови современи медицински апарати. Остануваме посветени на зајакнувањето на меѓусебната соработка во напорите за побрзо и поефикасно справување со пандемијата –  истакна Лукас Мирингер генерален директор на Дрекслмајер во Kавадарци. 

            Секој сноси одговорност во подобрување на јавното здравје. Затоа, да ги почитуваме мерките за заштита и да се однесуваме совесно и одговорно.

Loading