МОМОКОТ ГИ ОПНАЛ ТРИТЕ ЌЕРКИ И ПОПАДИЈАТА

Во фамилијата на попот со трите ќерки и голем имот, домаќинот главил момок, млад рзак, мераклија за жени. Работел кај попот со мисла како да му ги помини ќер­ките и жената. Еден ден попот и момокот го крпеле ѕидот на оградата во близина на куќата. Ги заборавиле ала­­тите. Попот го заповедал  момокот да се врати дома да ги земе алатите.

Момоко послушал. Се вратил и им рекол на попаѓата и ќерките:

-Попот ме прати да ве опнам сите!

Тие се зачудиле.

-Ненормален си? Што зборуваш?

-Тоа што слушате. Да излезиме во дворот и да го прашаме попот?

Излегле и момокот свикал.

-Попе, сите?

Одговорил попот.

-Сите, и ајде побрзај!

Слушнале и попадијата и ќерките:

-Кога вели попот, домаќинот, така нека биди!

Му се навртиле и сите ги поминал. Ги зел лопатите задоцнето и заминал. Попо му рекол на момокот:

-Ајде, врви времево, кога ќе работиме?

-Попадијата и ќерките ми рекоа да ги онадам. Те прашав дали сите, а ти рече сите. За сите ми требаше и повеќе време – рекол момокот.

Кога слушнал попот, отишле дома да рачисти. Им рекол на домашните:

-Што ви направи неранимајконо?

Тие со лелекање одговориле:

-Ти му рече сите да нé онади. Слушнаме. Сакавме да одбиеме, ама ја почитувавме твојата заповед.

Момоко се оправдал:

-Тие ми рекоа да ги онадам. Те прашав, а ти ми одобри!

Попот ја наведнал главата, ја почешал брадата од мака што бил изигран и легнал да спие во пондилата кај стоката.

Loading