АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Откако си го товари магарето и самиот постана магаре.

x

Ако во виното е вистината дали лагата е во тагата.

x

Нема слобода додека имаме барикади во главата.

x

Силите за брзо распоредување можат и да се прераспоредуваат.

x

И клучниот сведок може да биде – лажен.

x

Некои велат дека рибата смрди од опашката, а треба да се чисти од главата.

x

Ако сакаш да чекориш кон иднината не смееш да ја пречекориш сегашноста.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading