СОБОРЕН АВИОН ВО 1916-ТА

Cudo bilo da se vidi urnat avion vo pocetokot na minatriot vek

На германските воени гробишта, посебно место заземаат две плочи од загинати војници. Тоа се пилоти, убиени при воздушна битка во 1916 година, кога српската и француската војска биле на Солунскиот фронт.

Многумина мислат дека сî што се случувало во Првата светска војна, било во Франција во длабоките ровови. И на овие простори, во Македонија Бугарите и Германците се гледале преку нишан со Србите и Французите. А имало што и да се види на небото.

Германците низ Прилеп праќале цепелини да го бомбардираат Солун. Прилепчани, кои дотогаш не виделе авион, а камо ли цепелин, со  чудење го гледале големиот балон во облаците. Се случувало цепелините да бидат урнати од сојузничките авиони. Прилепчани биле меѓу првите во светот што можеле да видат воздушна битка меѓу авиони, еднокрилци, двокрилци и цепелини.

“Дрвените птици” станувале секојдневие на небото, а не ретко пилотите се надмудрувале во германските и француски авиони.

Фотографијава е со соборен германски авион изгледа управуван од загинатите пилоти, чии мошти одмораат на воените гробишта. После падот се собрала невидена сурија народ одблиску да го види “метално-дрвеното пиле што лета”. Чудо било и за бугарските војници. Со неверување го гледаат леталото, оти било неприродно човек да лета како птица.

Фокерите, Албатросите, Шпандау авионите и цепелините биле над прилепското небо до 1918 година.

Loading