ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО УНИВЕРЗАЛНА

Историја

Ретки се боксерските настани, а еден од најмасовните се случи на 15 јуни 2003 година во Универзалната сала. Беше Втор турнир од Државното првенство, организиран од БФМ, клубовите Ас и Прилеп. Возбудувањата беа во три категории: кадети, јуниори и сениори. Учествуваа 9 клуба со 26 боксери, меѓу кои Вели Мумин (Скопје), кај сениорите до 54 килограми, чиј најголем успех е бронзениот медал на Европското првенство во Пловдив, Бугарија. Како голема ѕвезда предизвика уплав кај противникот-сограѓанин, кој не собра храброст да се појави на рингот. Беше запишан службен резултат од 2:0. Од прилепчаните победија: кадетот Мартин Јованоски (Прилеп) над штипјанецот Ѓоко Јованов (Баргала), јуниорот Александар Николоски (Ас) над скопјанецот Џеладин Јахир (Тернипе), сениорите Беадин Сулејманоски (Ас) над Владимир Цекиќ (Охрид) и Зоран Митаноски (Ас) над Филип Илиески (Прилеп).

Надвор од конкуренција, пионерскиот дуел, Бојан Ристески (Охрид) – Роберт Крстев (Скопје), заврши без победник.

Loading