ОД ИЗВОР – УНИКАТНА ЧЕШМА

Cesma od drvo na manastir vo Mariovo

Планинските чешми се дар од човекот за природата. Со мала фантазија и дрвените стебла може да послужат како чешмички. Намерник, планинар, копаничар или некој аматер ја спроведил блиската изворска вода да течи како да извира од дрвото. Во природата има сé. Па, може и да блика вода од извор до коренот на дрво. Планините грмат од бистрата вода. Како солзи, вода извира од карпите и се слева низ каменото тло, знаејќи да направи мазни површини како лизгавици, кои “светат” на сонце.

Дел од изворите со поголема дарежливост, мераклиите и љубителите на природата ги “декорираат” со соодветно околно руво. Пример, изворот под карпата некој го направил интересен, овековечувајќи го со сознанието дека тоа е природна дарба и дека е сé можно со верба во Бог.

Околината на Прилеп е богата со мноштво изворишта. Дел се култивирани за одмор на намерници кои берат шумски плодови, планинари, или попатните излетници кои уживаат да шетаат низ бујната вегетација и да ги откриваат мистериите на природата. Таква била и чешмата под Плазот на Селечка. Имало сенка под покрив од растенија над дрвена масичка. Постарите оставиле прибор да зачади и опие миризбата од добро зготвена скара.

На Селечка се попознати чешмите градени од шумарот Крсте Парапански. Се прикажуваат и чешмите околу Прилепец, меѓу кои попозната е Шакир војвода… Во манастирите роморат изворчиња, ѕидани со камен или некој друг материјал и спроведени со шепурки до корита. Носат име на градителот, на оној кој им наместил по некое “цевче” по местото или нешто карактеристично за подрачјета, врзани за некој настан…   

Cesma so hristijanski simobol

Низ градот се паметат Сарачана, Крсто, Џумушица, Шарена чешма, Чкатра, Киселовци, Чумовчани, кај  Стадионот, Марулец, Шаторот, кај Саат кулата… Секое маало имало свој “фестивал на музика”, живот освежен преку “ѕивкањата”, “допирите со раце и поглед”, “зафрканциите”, меѓу момчињата и девојчињата со бардиња и ѓумови…

Loading