ЛАВРИ ЗА „ТРИО ДОЛЦЕ“ ВО ИТАЛИЈА

Trio Dolce

Музичкиот состав ,,Трио Долце,, со нашата сограѓанка Андријана Дукоска (виолончело) Светлана Богданоска Ристоски (флејта) и Марија Шамоска Буџаковски (пијано), за одбележувањето на пет годишната плодна соработка, се закити со прва награда на

меѓународниот натпревар Соправиста во Италија. Учествуваа 200 натпреварувачи, кандидати, професионални музичари, уметници од 31 земја, поделени во повеќе категории според возраст и номинацијата.

-Соправиста е престижен меѓународен уметнички фестивал. Учесници од целиот свет го покажуваат талентот и имагинација, вештините и резултатите. Креативно се самоизразуваат и естетски се развиваат. Ја популаризираат уметноста и разбирањето на другите култури, начините на самоизразување и манифестирање на индивидуалноста. Се разменуваат искуства… ,,Трио Долче,, победи во инструментална музика. Првата награда, Лауреати, многу нé мотивира – вели Дукоска.

Триото изведува композиции од сите временски епохи често. Има чести концерти во ЦК ,,Марко Цепенков,, и во други градови во земјав.

Loading