ЕМ ПАНДЕМИЈА, ЕМ БИЗНИС РАСТ

Интервју со Ирена Јакомиска, сопственик на Комфи Ангел

Irena Jakimoska

Како Комфи Ангел влезе во 2021 година?

Продолжи континуитетот на зголемување на работните налози во 2021 год, значи позитивно.

Дали имате некој план Б доколкупродолжи кризата со пандемијата?

Пандемијата не предизвика криза во нашата компанија, туку спротивно, зошто ние сме во индустрија каде што се зголемија потребите на пазарот од нашите производи во време на оваа пандемија.

Какви последици остави пандемијата и се пренесоа годинава?

Пандемијата кај нас не остави негативни последици.

 Секое искушение е поука и предизвик. Што заклучивте од пандемијата?

Треба да си подобар човек со вистински вредности, да се потпреш на истите за да можеш да се носиш со сите предизвици во животот.

Irena Jakimoska 1Комфи Ангел се вклучи со донации во бранот на поддршка на државата, локалната заедница, особено во здравствените институции?

Една од главните причини зошто инвестиравме во машински парк и стандардизиран погон за производство на маски и заштитна опрема беше, пред сé, да помогнеме на општеството, посебно на здравствените рабнотници во недостатокот на горенаведените производи, како општествено одговорна компанија.

Колку се променува бизнис менталитетот со новиоте техники на менаџирање поради пандемијата кај вас и во бизнис секторот.

Се прилагодуваме во начинот на менаџирање со цел почитување на мерките за заштита од Ковид 19 дадени од државата.

 Дали доволно спремно и адекватно реагиравте на ублажување на консеквенците од пандемијата во компанијата, кај вработените, организираност, инфроматичка реорганизација и координација…

Главен приоритет ни беше заштита на вработените и од тие причини максимално ги почитуваме Ковид мерките и секојдневно им даваме маски на вработените за нивна заштита.

И приватно, пандемијата остави траги, макар што кризата главно ги поврзува, доближува семејствата?

Нема ништо побитно од семејството во животот. Не треба да ни се случи пандемија за да го сфатиме истото.

Loading