ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (87)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Свирачи на кларинет – гранета

1.Јованоски Димитрија од 1930 до 1944 му забранил лекарот

2.Велјаноски Ристев Благоја од 1947 до 1954

3.Мурџески Нацко 1940 од 1958 до 2014 кога умре

4.Здравески Симон 1944 од 1959

Хармоникаши

1.Новачески Живков Веле 1948 од 1967

2.Здравески Симон свири

3.Петрески Ванѓелов Раде Бабјак 1940 од 1962

Тапанџии

1.Тошески Јолев Божин 1910 – 1972 со Јованоски Димитрија

2.Василоски Јованов Алекса 1923 – 2002 со Велјаноски Благоја

3.Мурџески Јованов Петре 1942 со Мурџески Најденко

4.Танески Танев Спасе 1944 со Мурџески Нацко – Здравески Симон

5.Здравески Атанасов Бошко 1951 со брат му Симон

6.Тапанот на Божин Јолески бил со тасови погласен

7.Павлески Ацев Гоце со Симон

 

Слушајте вие подмолци, вести новости

слушајте вести весели и радосни

слушајте вести весели и радосни

 

Лична мома подмолка си вери момче марулче

вечерва збор си дадоја, прстени менаја

четврток брак ќе потпишат, в недела свадба ќе прават

 

Наша ваша рада роднини и пријатели

ќе ги поканиме, да наздравиме

за благослов да добиеме

 

Блазе тебе на времето, што ги исчека

голема среќа си имала, убаво момче си зеде

Сама си момче одбираше, и одбра

лика – лика – лика према себе

 

Догодина голема радост да направиме

прво наше чедо, да го крстиме

Догодина голема радост да направиме

прво наше чедо, да го крстиме

 

Оваа песна е преработена од песната што е напишана на подмолското корзо квечерината во ден недела грозјебрање во с. Подмол 01.10.1972 година.

Во ден недела 01.10.1972 година отидов на посета кај сестра ми во с. Подмол за да се видиме по моето доваѓање на годишен одмор од Шведска. Квечерината отидоме со моите другари на подмолското корзо кај селската чешма на средселото кај продавницата за да се видиме со подмолските младинци и младинки и моите школски другари и другарки од школските денови од времето кога одевме на училиште во осмолетката во с. Канатларци.

Во разговорот од тие минати времиња се дојде до една идеа да напишиме една заедничка песна која ќе ги поврзи двете села Подмол и Марул. За текстот да се напиши ми падна мене поради од порано ме знаеа дека пишам историја и поезија. Во самото шетање на корзото песната ја напишав Слушајте вие подмолци вести новости радосни.

Песната беше прочитана и прифатена со голема радост. Немаше забелешка дека девојчето е подмолка, машкото марулче. Спомнат е денот четврток. Во тогашно време во матичната служба во с. Канатларци брак се правеше, склопуваше само во денот четврток.

На песнава се има дадено мелодичен глас за пеење, а не е преработена стручно. И навистина делото од песната се изврши, по кратко се оженив од Подмол. Ќе се потрудиме песнава да ја усовршиме во народна песна.

 

Излезете на портата

 

Излезете стрино со стрикото

излезете вие на портата

Ви доваѓаат море, мили гости

Мили гости, со невеста.

 

Ваше дете стрино, про чедо

се армаза, се ожени

 за невеста, лична мома

лична мома Македонка.

 

Пречекајте ја вие невестата

да и речите, добре дошла

добре дошла, ваши дворје

ваши дворје, ваша куќа.

 

Даи  дадите стрино, грно вино

грне вино, шише ракија

да ги почести сите гости

за благослов да наздрават.

 

Оваа песна Излезете на порттата е песна со изненадување на куќните луѓе. Куќните луѓе, стрината и стрикото ги повикува едно лице од друштвото на нивното дете. Дали е нивни роднина или пријател на нивниот син за да излезат родителите на порттата да го пречекаат нивното дете, се оженило, носи невеста, дали е бегалка или пуштена од нејзините родители, за да ја пречекаат невестата да и речат добре дошлаво нивниот двор и куќа со грне вино и шише ракија да и дадат на невестата. А таа да ги почести сите присутни гости да наздрават за благослов.

Песнава не е преработена во пеење и играње. Си има свој глас за пеење ког аќе дојди прилика песнава ќе се преработи.

 

Лична подмолка

 

Кога одиш Ѕано мори ти на вода

Сонцето застанува да ти се нагледа

Кога идиш Ѕано мори ти од вода

Сонцето тргнува патот да го осветли

Еј мори Ѕано, ти малада фиданке 2

Ѕано, Ѕанке лично моме ти подмолке 2

 

Кога оро Ѕано мори поведуваш

многу народ собираш и ги разигруваш

кога вртиш глава мори да погледнеш

многу народ насмеваш со твоите погледи

Еј мори Ѕано, ти малада фиданке 2

Ѕано, Ѕанке лично моме ти подмолке 2

 

Кога нежно Ѕано мори проговараш

птиците застанват да ти се наслушат

кога коси Ѕано мори расплетуваш

лична си полична од горска еребица

 Еј мори Ѕано, ти малада фиданке 2

Ѕано, Ѕанке лично моме ти подмолке 2

 

Оваа песна е посветена лично на Кочоска Сиџимоска Ѕана подмолка за нејзината природна талентираност за сите човекови нарави, дарби. Не треба многу да се пишува за нејзината надареност поради самата песна погоре ги покажува нејзините квалитети. Песнава Лична подмолка оркестарот Изгрев од Битола ја преработи во песна за пеење. Едно радио од Прилеп често пати во програмата за честитки ја употребува. Ѕана со нејзината талентираност беше позната надвор од Подмол. Со нејзината природна дарба сеедно беше дали оро ќе води или кецо ќе го води, многу играорци привлекуваше. На нас, нејзините генерации Ѕана ни беше позната уште од школските години од 1955 година.

На една школска екскурзија средба на учениците од двете села Марул и Подмол предводени од нашите класни раководители Котеска Драгица од с. Марул и Бутлески Славе од с. Подмол во подмолската браненица. Ние учениците од машка пол игравме фудбал, а додека девојчињата играа народна топка и кршкана топка.

Во машката игра во фудбалот на ученикот од марулската екипа Велјаноски Методија Танески пантоломите му попуштија од позади. За да го спаси Мечо од срамот, така си го викаме, направивме една дрвена игла од сува чалија и одсукаме дел од утата на Ѕана, тајно отидоме во долчето над оревот во Браненицата и на Методија му ги закрпивме исцепените пантолони. Никој ништо не примети, ниту пак ни Ѕана да нема дел од врвцата од утата нешто и фали. Нејзината ута беше волнена со жолти и црни шарк ии со црни врвки на утата. Покасно на Ѕана и беше кажано за случајот со утата и претворена во смеа и мудрост.

Во половината во месец јуни во 2003 година во сонот ја видов Сиџимоска Ѕана, беше облечена во црни алиштаи  подбрадена со црна шамија, помина поред мене, остро ме погледна и не ми проговори. Мене ме фати страв од нејзиниот поглед, повеќе вечери не заспав, психички се изцрпив, добив внатрешен чир со крварење. На 28.6.2003 отидов в болница на лечење, на преглед паднав во несвесна кома 3,5 саати имав истечено многу крв. За сето ова што с едогоди во случајот со Чана сватив да што и одзедовме дел врвца од утарето, се лути. А воедно нешто да ќе се догоди со сонот што го видов за Ѕана. Како оправание за нејзината врвца од опрегачот уТарето на 01-07-2003 во болничкиот кревет ја напишав песната Лична подмолка. Сонот н епотрае долго време, Ѕана во месец ноември 2003 година почина на 59 годишна возраст во Мелбурн во Австралија.

Во месец март во 2004 година Ѕана поново н асон ја видов, беше облечена во сив мантил и подбрадена со сива шамија, по нозете имаше лузни од рани, си реков лузните и се дека лежеше умрена, не ми проговори, пак се вознемирив, неколку ноќи не заспав.

Сочувство до родната куќа на покојната Кочоска Ѕана од с. Подмол

По повод ненадејната и прерана смрт која ја снашла Ѕана, сите нас, нејзините роднини, пријатели и познаници сме шокирани. Јас Спасија Грујоска од с. Подмол, роднин аи комшица на Ѕана со мојата фамилија сакаме да ја изразиме нашата бол за покојната Ѕана до нејзината родна куќа и рода во с. Подмол. Тука се осеќаме најблизу како Ѕана да е во родната куќа во с. Подмол. За покојната Ѕан аима многу да се напиши за нејзината убавина, педантност, насмеаноста, другарства, бистроумност итн. Поготово наклонета према музиката и орото. Со сите горенаведени особини Ѕана беше позната личност како во с. Подмол истоа така и во околните села за нејзиното младо време во годините 1960/70 во минатиот век. Ѕана беше надарена за играње на народни ора. Било да е ситно за рака или тешко за рамо. Ѕана како ораџица кога ќе го водеше орото – танецот на преџија или пак назад на кецо секогаш вршеше ширење на орото за да биди весело и убаво играно орото. За таа Ѕанина природна надареност како признание и напишаме и испеаме една песна посветена на Ѕана подмолка уште пред нејзиното умирање. На жалост која не успеа да ја дочека, прочита и слушни песната.

Исто така во еден мал дел има запишано за старата населба с. Писокал полседното живеалиште на Петко писокалски и неговата жена Доста и нивните потомства. Во книгата Жива историја за Пелагонија и Мариово за потомството на Петко и Петковица спомената е  Ѕана подмолка , нивна потомка. Бог да ја прост ии лесна и земја и вечен дома каде почива нејзиното тело далеку од родното место, дури во Мелбурн, Австралија, ламја Македонска. (До родната куќа на Кочоска Ѕана, с. Подмол 17.02.2004 од фамилијата Грујоска Велјаноска, Гетеборг, Шведска.)   

Продолжува

Loading