ЗДРАВЈЕ ИМА И ВО КОРАТА ОД АНАНАСОТ

ananasНе се фрла кората од ананасот, туку од неа направете чај. Ананасот делува како диуретик, бидејќи го елиминира вишокот задржани течности во меѓуклеточниот простор, ги исфрла токсините од телото, ги чува коските од остеопороза и др. Луѓето го јадат само плодот, а кората ја фрлаат. Таа е богата со антиоксиданси за намалување на ризикот од рак, за заштита на срцето и крвните садови…

За чај е потребна кора од еден ананас и 2 литри вода. Пред да се исече ананасот, се мие со ладна вода и се остава половина час во тенџере полно со ладна вода, каде претходно има растворена лажица сода бикарбона. Потоа се мие уште еднаш под силен млаз со ладна вода и се сече вообичаено. Плодот се јаде суров, да се сочуваат корисните ензими, а кората се сечка на поситни парчиња. Се става во тенџере со вода и се готви околу половина час на тивок оган. Откако ќе проврие, се намалува. Се остава да се излади, па се цеди. Ако се чини дека чајот е многу силен, се разблажува со дополнително количество вода.

Се чува во термос или во фрижидер и се пие цел ден како сок или наместо вода. Може да се заслади со мед или сок од два лимона, неколку листови нане или некои други здрави состојки по вкус.

Loading