СÉ И СЕШТО, НАМЕСТО ПАМУК

Nekogas iljadnici denes stotici rabotnici na rabota kaj BiljanaНе така одамна цутеше индустријата. Сега е впечаток дека замрено е производството, разретчени се автобусите до фабриките кои се развиваа во 80 – тите години. Прилеп бил и уште е град на индустријата. Можеби не со гиганти како во меморијата на постарите трудбеници, но малите фирми светкаат со ефектива и полн капацитет.

Ја нема Билјана која продуцираше памучен конец од огромните сали со над две илјада работници. Или Политекс, кој произведуваше мешан конец од памук и синтетитка. Не се празни просторите на некогашните текстилни извозни гиганти. Таму се произведува сé и сешто. Се “тераат” и помали бизниси за замена на “памукот”. Малите вивнуваат. Така е во економијата.

Loading