ФИЛИПОСКА ВО ЧАИР

Ракомет

ZRK Despina

Пивотот Сашка Филипоска веќе не е членка на Деспина. Таа му пристапи на скопски Чаир, третопласиран на табелата. Иако нов, овој клуб есеноска освои ист број бодови (30) со повеќекратниот шампион, второпласираниот Металург. На Деспина и преостанува да бара замена за позицијата пивот меѓу девојките кои останаа во клубот.

Деспина игра само со прилепчанки, претежно младинки. Сепак, клубот е одлично пласиран. На табелата од Супер лигата е на 5-тото место со 24 бода, со амбиција да биде на 4-то каде е Вардар со 28. Тренерот Страшо Илиески навреме ги почна подготовките, на 18 јануари. Веќе е период за одигрување пријателски мечеви, ако се најдат противници. Алтернатива се меѓусебните тренинг-мечеви.

Сезоната продолжува во првата половина од март.

Loading