НАУМОВСКИ ВО ОСОГОВО

Победа

Трет играч кој недостасува од есенскиот список, а нема да биде во пролетниот дел во второлигашот Победа е Дарио Наумовски. Откако Благоја Гешоски ја заврши кариерата, а Филип Димоски замина кај директниот конкурент за опстанок – Саса, и Наумовски се пресели во Осогово од Кочани. Така, соодносот заминати – дојдени е 3:3, бидејќи пристапија неготинците: напаѓачот Кирил Неделков, полушпицот Мирко Симјановски и крилниот напаѓач Петар Најдов, а до вчера, кога завршуваше преодниот рок, се чекаше уште стопер.

Одиграни се три пријателски меча. Првиот е добиен со 3:0 против третолигашот Напредок Крушеани, на вториот доживеан е пораз со 3:0 од третолигашот Вардар во Неготино, на третиот пак пораз со 2:0 од прволигашот Пелистер во Битола. В сабота екипата на тренерот Дарко Крстески ќе игра со Велешта во Охрид, а на 20 февруари ќе му гостува на Тиквеш.

Првенството продолжува на 27 февруари, со Брегалница во Штип.

Loading