АВСТРАЛИЈЦИ НА ГРАДСКИ

Историја

Зимата 2000 година Победа одигра 7 меѓународни, пријателски мечеви во Австралија, а есента 2003 беше домаќин на клуб од наши иселенеци од тој континент. На Градскиот стадион гостуваше Македонија Престон лајонс. Прилепскиот тим, иден освојувач на шампионската титула во македонското првенство, го скрши отпорот на гостите дури во 50 минута. Тогаш Сашо Крстев го постигна водечкиот гол. Натаму Мирослав Ѓокиќ ја затресе гостинската мрежа, за конечниот резултат од 3:0 да го постави Крстев со својот втор гол.

За Победа настапија: Чановиќ (Тофилоски), Илиев, С. Здравевски, Стоилов (Јусуфоски), Младеновиќ (М. Ѓокиќ), Манев (Вршкоски), Жилсон, Б. Ѓорѓиоски (Талевски), Н. Здравески (Караколев), С. Крстев (Г. Конески), Поповски (Чаушев). Гостинскиот состав, покрај Македонци, имаше и други националности.

Тренери на Победа беа: Никола Илиевски, Круме Митрикески и Рубин Ѓорѓиоски.

Loading