ЌЕФ ОД ВЕЛОСИПЕДСКАТА „МАКА“

Даниел Гарбески, велосипедска асоцијација ВелоЧе    

3

За афирмиција и промоција на алтернативниот велосипедизам, за зачувување на животната околина и грижа за здравјето, неколкумина ентузијасти, мераклии на велосипедизмот го формираа Здружението за унапредување на велосипедизмот ВелоЧе. Групата секој викенд крстари со двете тркала низ природните неоткреини богатства низ брда и долини, низ околината на градот, но и подалеку, уживајќи во раскошните глетки на шумите, водите, реките, карпите, па и таинствените археолошки локалитети. Со педалите, на патиштата без асфалт, “освојуваат”, фотографираат и пренесуваат дел од природната ризница. Потта на челото и влажните маици од напорот, предизвукуваат да бликне адреналин и силна возбуда. Низ турите ,,расветлуваат,, легенди на тешко пристапните терени.

viber image 2021-02-02 14-26-50

-Сакаме на крајот на март да направиме тура од Прилеп до Градско по патеката на тесната пруга од пред сто години која минувала од Прилеп кон Плетвар, па Беловодичко, Тројаци, Радобил. Мрамор, Клисурите Фариш и преку Раечката клисура да стигнеме до Градско. За пет-шест часа ќе се минат 70 километри. Дел од делницата ја маркиравме. Ќе успееме целата да ја обележиме. Добра е во поголемиот дел. Некаде има испаднати карпи, но ќе ја оспособиме и да поминеме по старите мостови и другите пречки. Атрактивна е патеката до Градско. Таму би имале мала закуска. Враќањето ќе биде со мини автобус со приколка за велосипедите. Очекуваме масовно да се придружат и да го поделиме задоволството со неколку стотина пријатели од земјава кои го имаат велосипедот за миленик на две тркала. Се надеваме дека ќе наидеме на поддршка од ЈП Железничка инфраструктура со В.Д. директорото Хари Локвенец, за расчистување на мали делови од делницата каде има пречки. Со годините, времето го направило своето. Дел од патеката е на трасата на новиот пат Прилеп – Градско каде веќе има градежни работи. Очекуваме помош за расчистување на камења карпи, дрвја и други бариери. Сакавме лани да ја обележим, ама не успеавме со короната. Неколку фирми помагаат за мисијата за промоција на природните недопрени убавини преку велосиспедизмот – вели Даниел Гарбески.

117644384 3088941931159520 2109476247735558395 n

За овие луѓе нема поголем ќеф од огромните физички напрегања во искачувањето на тркала од 400 на 1600 метри, и тоа неколку часа по стрмни и опасни терени.  

Асоцијацијата е формирана од 2018 година. Веќе организирала неколку велосипедски тури низ Поречието, со старт од  ресторанот Чифлик кај селото Белица. Трасата им водела околу езерото Козјак. Неколку стотина вљубеници во природата минале две патеки, покуса и подолга, од 40 и 70 километри, доживувајќи незаборавни спомени. Лани ,,спласнале,, турите поради корона кризата. Затоа годинава се токмат да бидат организатори на повеќе ,,вело прошетки,, во околината.

Покрај најогнените, имаат околу 700 симпатизери, не само од машкиот пол. Годинава се токмат да бидат учесници на неколку тури во Хрватска и во Словенија, каде се вклучуваат по илјада велосипедисти по обележани атрактивни рути.

Со возење на велосипедите маунтаинбајк секој викенд негуваат надеж дека оставаат траги на идните генерации, всадувајќи љубов за природното наследство и зачувување на незагадената животната средина.

Loading