„ДРАМИ“ ОД МАРИНКО ШЛАКЕСКИ

marinko slakeski

Сограѓанинот Маринко Шлакески ја објави книгата ,,Драми,, со драмски текстови. Промоцијата е планирана за утревечер од 17.30 во пицеријата ,,Таверна,,.

Авторот е издавач, за разлика од повеќе претходни изданија на  отпечатени со европски или американски куќи.

– Поместени се пет драмски текста кои заокружуваат подолг временски период во кои се манифестира глобалното, но и локалното влијание врз една или група индивидуи кои својствено реагираат во согласност со своето убедување, свест, културулошка, социјална зрелост, статус… Секоја драма, освен на македонски, е поставена или презентирана во повеќе земји и на повеќе јазици, како во Франција, Италија, Германија, Бугарија, Австрија, Романија, Полска, Грција, САД, поранешните соседни простори како Хрватска, Словенија, Б и Х, Србија – вели авторот.

Според него, да се напише книгата е канализирање на енергијата.

-Дали тоа ќе бидат драми, музички композиции или други артистички форми, тоа е прашање на канализирање на конкретна енергија од побуда за која сметам дека тешко ќе се дефинира и која сама ќе бара свој пат да се реализира без да консултација. Доколку не се реализира на тој, најверојатно ќе се реализира на друг, алтернативен начин – истакнува Шлакески.

Иако не знае многу за македонската театарска, авторска сцена, сепак секое сериозно општество, култура, заедница, кое држи до својот дигнитет, статус, традиција, идентитет и посебност, треба да се грижи за своите автори. Забележаните, особено меѓународно афирмирани трудови придонесуваат кон таквите атрибути, давајќи белег на нивната засебност. Со тоа и значаен придонес кон сопственото, како и кон светското културно наследство воопшто.

За него е убаво македонските театри да се грижат за домашното творештво.

-Доколку има заемен интерес и соодветни и конкретни прифатливи услови, тоа би било не само од обостран, туку и од заеднички, но и од национален интерес – потенцира Маринко Шлакески.

Loading