БАТАЛЕТЕ АНТИБИОТИЦИ, УМЕТНОСТА ВО ЛЕКУВАЊЕТО Е ВО КОНТРОЛА НА ИМУНОЛОШКИОТ ОДГОВОР

Прилепскиот инфектолог, Христијан Ангелески од Универзитетскиот клинички центар во Марибор, Словенија ја прими вакцината Фајзер

28699387 10216389472553148 7923744258677008278 o

Инфектологот Христијан Ангелески, кој работи во универзитетскиот клинички центар во Марибор, во Словенија е вакциниран од короната. Првата доза од Фајзер ја примил на 5 јануари, а ревакцината на 26 јануари. Една недела по втората доза, се смета дека има антитела и дека според студиите за Фајзер вакцината штити околу 95 отсто од вирусот Ковид 19. Но, понатаму е претпазлив. Речиси една година е во постојан директен контакт со заразените и не се инфицирал, почитувајќи ги превентивните мерки. Посакува што побрзо да пристигнат вакцините и во Македонија. Дотогаш, покрај држењето дистанца и заштитни маски, здравствените работници да избегнуваат употреба на антибиотиците. Несаканите ефекти од вакцинирањето речиси биле минимални.

– После вакцината се чувствував како и пред вакцината. Несаканите ефекти беа минимални или никакви. Најчесто е мускулна болка на убодното место. Во ретки случаи лесна телесна температура, болки во мускулите.  Како и за секоја вакцина, и за оваа пациентот треба да биде во добра здравствена и психофизичка состојба, без знаци на инфект. Без знаци на температура, виротични инфекти. Нема потреба од никакви испитувања. Едноставно само се прима вакцината, и тоа е тоа. Немам никакви контраиндикации. Нормално е, после секоја вакцина или по пиењето на било кој лек, не се препорачува пушење и алкохол, заради тоа што имунолошкиот систем подобро фунционира во создавањето на антителата. После, продолжува со нормалниот ритам на живеење, без посебни препораки – вели  прилепскиот инфектолог, Христијан Ангелески.

740744 10200406240262330 1482359301 o

Тоа не значи дека и понатаму не е потребно одговорно однесувавање, да се држи дистанца и заштита. Односно додека во државата не се стекне колективниот имунитет, однос над 70-75 отсто од населението да биде вакцинирано односно да нема пренос на вирусот. Во Словенија досега вакцинирани се околу 60 илјади, а половината со двојна доза.

– Не дека овде нема скептицизам, но заинтересираноста расте. Најверојатно се потврдува дека нема несакани ефекти. Ревакцинираните гледаат дека не е ништо посебно и вакцината е единствен начин да се справиме со епидемијава. Први се вакцинираа здравствените работници кои се во директен контакт со заразените, истовремено лицата од Старските домови, персоналот и штитениците, потоа постапно старосните групи над 80 години, над 70 години со хронични заболувања. Интересот е голем, како и во цела Европа. Има застој во набавката на вакцините. Потоа доѓаат на ред оние кои се директно загрозени образование, полиција, војска, потоа општата популација. Како минува времето гледаме дека Велика Британија, Израел имаат висок степен на вакцинирани. Така паѓа бројот на новозаразени – вели Анѓелески.

Hristijan i Maja Angeleski

Жали за состојбата во која Македонија и за тоа дека барем засега не се знае кога ќе пристигнат вакцините.

-Стартегија на секоја држава е како ќе се справува со епидемијата. Роднините, родителите, не можат да се вакцинираат во Македонија. Апелирам и очекувам државниот врв побрзо да стигне до вакцините. Не е важно од каде е. Секоја вакцина заштитува, секоја е произведена со највисока технологија. Во меѓувреме само држење до мерките за претпазливост. Не е тешко. Социјална дистанца, маска во затворен простор и дезинфекција на рацете. Со тие правила една година работам внатре во карантинот од 9 март, 11 месеци, и не заболев. Сум направил над  25 теста  од антитела пред вакцина. Сé е негативно. Мерките помагаат. До колективниот имунитет на прилепчани и Македонците не им останува ништо друго, туку само превенција до комплетна вакцинација – вели Ангелески.

Сите кои прележале Ковид во Словенија, после 6 месеци, може да се вакцинираат.

135785253 10219111077463283 8745725435241827815 o

Маја Ангелеска, сопруга

СЕКОЈДНЕВНА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

И сопругата жали што нема вакцини во Македонија. Родителите и роднините се оставени на милост и немилост.

– Од моја перспектива во Македонија  не изгледа како да има светлина на крајот од тунелот без надеж за вакцина. Најмногу ме погодува заради родителите, кои се дома, во Прилеп, и за сите во Македонија со хронични болести и без никава заштита. Им преостанува превентивна заштита. Посакувам што побрзо да донесат вакцина од било која компанија за сé да функционира нормалное и да  не се грижам секојденвно за родителите. Од една страна не може да се чувствуваат доволно сигурни, да се потпрат на здравството, во случај да се разболат. Мајка ми е воспитувачка во градинка со хронични болести – објаснува сопругата Маја Ангелеска. 

ПАРАЦЕТАМОЛ, АНАЛГИН И ТЕЧНОСТ

Како инфектолог, индиректно со совети им помагал на своите сограѓани за лекувањето од Ковид. Препорачува да не се користат антибиотици.

– Заразени роднини, пријатели познаници многупати бараа консултација. Начинот на лекување е целосно погрешен, за жал, во Македонија. Не се даваат антибиотици на вирусна инфекција. Второ, антибиотиците Сумамед и Панцев, јас за една година воопшто ниту еднаш не сум ги препишал во Словенија. Тоа е апсолутно погрешно. Кога ќе ми се јавеа првпат преку телефон, вибер и месинџер, прво тоа им велев. Ако сакаат да ме послушаат, веднаш да ги фрлат антибиотиците в канта, оти не помагаат. Антибиотиците се даваат за бактерии, а не за вируси. Тоа беше од старт голема грешка. Организмот е колонизиран со бактерии кои се во симбиоза со човекот. Тие бактерии се дел од нашиот одбранбен систем. Антибиотиците не се паметни да ни ги остават корисните бактерии, туку убиваат сé. И тоа што треба, и тоа што не треба. Со не правилно антибиотско лекување, се намалува отпорноста на организмот и се продолжува излачувањето на вирусот. Може да дојде до потешка клиничка слика. Тоа е тоа што се случуваше и уште се случува, покрај апелот до колегите во Македонија. Да се напушти неправилниот начин на лекување. Потребно е само парацетамол, аналгини и течности. Сета уметност на лекување е дозирањето на дополнителен кислород за да се запри непотребниот прекумерен имунолошки одговор на инфекцијата. САРС – ЦОВ- 2 е многу интересен вирус кој се однесува малку различно од другите. Имунолошкиот одговор што се стартува, ако е премногу агресивен, премногу напаѓа, и доведува до тешки клинички слики. Не е ни чудно што кај сите кога ќе се разболат, најчесто влошувањето настапува од 7-10 дена. Тоа не е ефект на вирусот, туку на прекумерен имунолошки одговор. Не знам зошто тоа не се разбира. Уметноста на лекувањето е во додавање на кислород, правовремена интубација и механичка вентилација и давање на лекови како Клексан кои помагаат да не се создава тромб во крвните садови. Ако се развие пневмонија, тогаш се оди со кортикостероидна терапија во болнички услови, а не земање антибиотици на своја рака во домашни услови.

СИТЕ ВАКЦИНИ СЕ ДОБРИ

– Од една страна го разбирам скептицизмот кај некои лица, ама реално Фајзер и Модерна се многу чисти вакцини. Тоа не е цел геном, туку дел од протеин, единка од вирусот што буквално синстетизира еден протеин од вирусот што предизвикува имунолошки одговор. Од друга страна, Астра Зенека и руската се добри вакцини, правени како и досега, со помош на вектор, со носач, затоа и кај нив не се очекуваат некои несакани ефекти. Ова не е ништо ново, оти луѓето сметаат дека се ново направени вакцини, туку со технологијата која се развива во медицината години и години. Кинеската е многу слична на руската, освен во Србија, не се дава во Европа. Руската вакцина многу веројатно влегува на европскиот пазар. Следна која е многу ветувачка, е Џонсон и Џонсон. Таа е со една доза за разлика од сите кај кои е потребна ревакцина. Заштитата е помала. Кај Фајзер е 95 отсто, кај руската 91 отсто, Модерна 95, Астра Зеника е 75, а Џонсон и Џонсон 65-68 отсто заштита. Овие бројки не треба да заведуваат дека не се ефикасни. Мора да се земе фактот дека се незаштитени 5-10 отсто од вакцинираните. Тоа се вкрстени реакции. Тоа значи дека доколку дојде некој кој е вакциниран во контакт или се инфицира со вирусот, нема да ја има таа тешка клиничка слика. Ќе помине како обична настинка. Заради тоа е апелот да се вакцинираат хроничните болни и постарите. Има простор за оптимизам. Во Европа има повеќе лица прележани од корона и се со антитела – вели Ангелески.

Loading