ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ

Во ОУ „Гоце Делчев“

goce delcev

Во ОУ ,,Гоце Делчев,, реновирани се тоалетите, изградено е спортско игралиште, комплетно е сменето осветлувањето со лед светилки и реновиран е системот за греење. Училиштето е молерисано, старите дрвени врати се заменети со ПВЦ, изградена е и обиколна бекатонска патека од 150 метри.

Директорот Веле Ѓорѓиоски вели дека годинава е планирана набавка на 29 компјутери и нагледни средства и реквизити за детското игралиште во дворот. Тој најавува инсталирање на систем за техничка вода.

Претстои и оградување на училиштето во селото Радобил.

Loading