ЛИНА ЃОРЧЕВСКА ВО ПРИЛЕП

Историја

Од 6 до 9 септември 2007 година Прилеп беше домаќин на Осмите балкански јуниорски тениски игри. На четирите терени од клубот Маркови Кули се натпреваруваа 36 учесници до 14-годишна возраст. Најдобро рангиран тенисер беше Турчинката Мелис Сезар, 40-та во Европа. Кај јуниорките учествуваа: Македонија-А, Македонија-Б, Бугарија, Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а кај јуниорите истите држави плус Албанија. Во женска конкуренција Турција беше најдобра, Македонија-А го освои 4 место, а тренерот Владимир Андонов настапи со: Лина Ѓорчевска (сега 26-годишна, најдобра наша сениорка), Мирјана Јованова и Бојана Маркова. Кај машките Турција прва, Македонија четврта, каде тренерот Томче Гигов ги имаше: прилепчанецот Љубомир Петровски, Бешир Дургути и Коста Карамиха.

Селектор на македонските репрезентации беше прилепчанецот Гоце Котески.

Loading