НАУМОВСКИ Е ТРЕНЕР НА Г. КОЊАРИ

Фудбал 

Тони Наумовски, досегашниот тренер на Напредок Крушеани, кој во есенскиот дел од Третата лига – Југ освои само бод помалку од лидерот, Локомотива Градско, премина во друг третолигаш, Големо Коњари. Таму го очекува нова задача – борба за опстанок, со оглед на 14 место меѓу 16 тима.

-Напролет опстанок, а наесен повисока цел. Ќе успееме, со поддршката од Управата, предводена од Жарко Северкоски и Кронислав Мантароски. Имаме седум-осум нови играчи. Со новиот квалитет ќе бидеме пролетен хит – најавува Наумовски.

Формата ќе се дотерува низ пријателските, со Обршани, Житоше и други екипи.

Loading