БЕЗ 13-ОТ ИЗБОР ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА

Традиционалниот Избор на ,,Зенит,, на најдобар спортист овојпат ќе изостане, поради пандемијата и мерките кои не дозволија да се одвиваат спортските активности како во минатото. Првите два месеца од лани главно минаа во подготовки, а во март, штом почнаа првенствата, се случи прекинот. Дури и тренинзите беа прекинати или се одвиваа во домашни услови – индивидуално. Пред почетокот на летото спортските активности некако почнаа со враќање, преку тренинзи. Дури во август и септември се случија и првенствените натпревари. Во најсиромашната спортска година, практично беше неможно да се постигнат резултати и да го дадат најдобриот спортист за 2020.

Требаше да е 13-от Избор.

Последен добитник на признанието беше пингпонгарот на Младост, Ѓоко Јочкоски.

Loading