ТРЕНИРААТ ТРОЈЦАТА НЕГОТИНЦИ

Победа

Fudbal

Планираното се остварува во второлигашот Победа. Од четворицата најавени, дојдоа тројца нови фудбалери. Сите се неготинци. Тие се Кирил Неделков од радовишка Плачковица – напаѓач, Мирко Симјановски од тетовски Тетекс – полушпиц и Петар Најдов од пехчевско Кит-Го – крилен напаѓач. Редовно тренираат. Се чека уште стопер. По првиот пријателски меч со Напредок Крушеани (3:0 со 2 гола на Ф. Спиркоски и 1 на Карапеев), поради невреме се откажа гостувањето кај Велазерими во Кичево. Следат дуели со Вардар во Неготино, Пелистер во Битола, Велешта во Охрид и дома со Тиквеш.

Не полн месец останува до продолжението од првенството.

Loading