ТОПЕЊЕ НА СТОМАКОТ

stomak

Инстан рецепт за намалување на обемот на половината е комбинација која е ефектна за седум дена. Напитокот ја подобрува меморијата, видот и слухот. Елиминира вишок на наталожено сало и се исфрла и вишокот ткивни течности.

Потребни се 125 гр рен, 3 лимони, 4 лажички мед, 2 лажички цимет и едно парче свеж ѓумбир од 2-3 см.  Се сечкаат ренот и ѓумбирот на помали парчиња и се ставаат во блендер. Се меле. Лимонот се мие со ладна вода и  се остава половина час во раствор со една лажица сода бикарбона. Потоа уште еднаш се плакне. Се сече лимонот заедно со кората, но се отстрануваат семките. Се додава во блендерот заедно со другите состојки. Се меле до изедначена смеса. Се додаваат четири лажички мед и две цимет во прав.

Ренот е ,,мало пакување -здравје,,. Содржи витамини Ц, Б1, Б6, Б2, калиум, железо, калциум, магнезиум и фосфор. Моќен е во комбинација со мрсна храна, бидејќи ја стимулира дигестијата. Го чисти телото од токсини, го стимулира метаболизмот, добар е во борбата против умор и стимулира развој на корисни бактерии во цревата. Ренот го стимулира црниот дроб, срцето и циркулацијата. Помага при ревматизам.

Овој еликсир топи 1 см сало дневно и кај жените  и кај мажите дневн.

Слабеењето не почнува веднаш, туку по извесен период на редовна консумација. Плус добра е малку повеќе физичка активност.

Loading