ВО ТЕК Е ГЛАСАЊЕТО

Ракомет

Пауза е во Супер лигата за мажи, во која се избира најдобриот тим од есенската полусезона. Изборот е на порталот ,,24 ракомет,, врз основа на онлаин гласање. Екипата на РК Прилеп има тројца номинирани по освоеното 5 место во Б-групата. Во категоријата за најдобро десно крило конкурира Грузиецот Реваз Чантурија, кој на 12 меча постигна 77 гола. Во категоријата најдобар млад играч е левиот бек Даниел Андоновски. За најдобар тренер кандидат е Горан Кузманоски.          Изборот завршува на 31 јануари.

Loading