ДИМИТРИОСКИ Е ВО ЕГИПЕТ

Ракомет

Македонската репрезентација настапува на Светското првенство во Египет. Во составот е прилепчанецот Димитар Димитриоски, член на скопски Вардар. Настапи на левата крилна позиција на четирите одиграни меча. На првиот, во кој бевме поразени со 20:32 од Шведска, одигра 13 минути. На вториот, при поразот од Египет со 19:38, одигра 30 минути и даде 1 гол. На третиот против Чиле, на кој победивме со 32:29, за 54 минути даде 3 гола. Со оваа победа влеговме во втората фаза. Таму прво бевме поразени од Словенија со 21:31, а прилепчанецот за 59 минути даде 2 гола. Денеска се игра со Русија, в недела со Белорусија.

Димитриоски (22) има настапувано и за Металург.

Loading