МНОГУ ПРИЗНАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО СТРАНСТВО

Клубот на литературни творци

Членови на Клубот на литературни творци Прилеп се закитија со пофалници на литературниот клуб ,,Кирил Пејчиновиќ,, од Тетово на  традиционалниот годишен конкурс за 2020 година. Песничката за деца ,,Петленце,, на Снежана Паноска и на Весна Шереметкоска за песната ,,Утре,, се наградени со пофалби. Паноска за творбата ,,Не плаши се,, доби уште едно признание.

Наградите доаѓаат додека клубот мирува заради пандемијата. Според претседателката Паноска, сепак членовите се активни со учествува на бројните конкурси организирани на социјалните мрежи.

-За учеството членовите добиваат многу признанија во Македонија и во странство. Годинава планираме да  го објавиме Алманахот бр. 3 од членовите на клубот. Се очекуваат средства од Министерството за култура за организирање на поетската манифестација ,,Поетско Маркукуле,,. Доколку пандемијата спласне, се планира организацијата на традиционалниот конкурс за 8 Март, меѓународниот ден на жената. Планирано е и учество и на други поетски манифестации во земјава, кои традиционално се одржуваат во Штип, Д. Хисар, Скопје. Сетоа тоа зависи од здравствената состојба – завршува Паноска.

Loading