ПРИЛЕПСКИ КОШАРКАРКИ ВО БЕЛГРАД

Историја

Почетоците на женската кошарка во градов се по Втората светска војна, во 1946 година. Првиот клуб се вика Гоце Делчев. Во 1949 е постигнат првиот поголем успех, првото место на Републичкото првенство. Тоа овозможува учество на Сојузното првенство на Југославија, во Белград. Тридневните натпревари се во лето, на 1, 2 и 3 септември, затоа што се игра на отвореното игралиште на Калемегдан, од клубот Црвена звезда. Прилепската екипа, единствен претставник на Македонија. Го освојува седмото место. Успехот е на кошаркарките: Драгица Антоска, Бонка Чечоска, Иванка Томеска, Магда Стеваноска, Ирина Топличанец, Добрила Спасеска и Роза Стамболџиоска.

Женскиот клуб го менуваше името. Пред петнаесетина години настапи како Бренд баскет.

Loading