БЕЛ ДЕН

Книга на д-р Димитар Николоски

Dimitar Nikoloski

,,Вовед во економијата на трудот со фокус на македонскиот пазар на трудот,, од д-р Димитар Николоски е прва книга во Македонија пишувана како учебно помагало за предметот економија на трудот. Книгата е заснована врз богатото искуство и истражувањето на македонскиот пазар на трудот во изминатите неколку децении. Студентите се запознаваат со основните концепти на економијата на трудот како наука за функционирањето на пазарот на труд. Може да стекнат и основни познавања за однесувањето на работодавачите и работниците за формулирање на платите, цените, профитот и други нематеријални аспекти на работниот однос.

-Користени се економски анализи да се објасни однесувањето на актерите на пазарот на трудот. Третирани се одередени прашања за институциите и политиките на пазарот на трудот. Илустрацијата на проблемите е направена преку примери и студии кои произлегуваат од македонскиот пазар на трудот. Третата деценија од 21 век не можеше да почне позлокобно од појавата на нов вирус во Кина кој набрзо се прошири, добивајќи облик на пандемија. Тоа изврши огромно влијание врз функционирањето на светската економија, создавајќи контракција на економските активности од епохални размери. Свој одраз имаше и врз функционирањето на пазарот на трудот, кој претставува своевидно ,,огледало,, на секоја пазарна економија. Најновата епизода во светската историја претставува уште еден доказ за економската наука во правилното насочување на човековите активности за остварување на посакуваните цели. Затоа книгата е придонес кон богатата литература за расветлување на одредени проблеми на економијата на трудот – вели Николоски.

Книгат ќе одигра и улога во едукацијата на студентите по економија во 12 меѓусебно поврзани поглавја.

Според д-р Љупчо Печијарески, делото е оригинално според релевантноста на проблемот, презентацијата на областа на истражување, структурираноста, методичките стандарди, темелноста и сериозноста на методолошкиот пристап, дава значаен придонес во фундирањето и развојот на македонската научна мисла.

Според  проф. д-р Предраг Трпески, книгата третира актуелна и многу значајна материја не само на академската јавност туку и на оние кои донесуваат државни одлуки. Студентите треба да поседуваат знаење за современите теоретски сознанија кои добиваат верификација во практиката на развиениот свет. Начинот на прикажување е доволно едукативен и јасен иако материјата има сложена структура… Стилот не остава на рамнодушност – додава Трпески.

Д-р Димитар Николоски е професор на Економскиот факултет. Бил учесник на бројни меѓународни конференции.

Loading