ДОБАР ДЕН СО ЛАЖИЦА РИБИНО МАСЛО

dДоволна е една лажица рибино масло на ден за јакнење на имунитетот. Пома и во намалување на вишокот на килограми.

Секојдневната консумација предизвикува 10 позитивни промени на организмот.

Ги превенира кардиоваскуларните проблеми. Се зголемува флексибилноста и брзината на размислувањето. Имуниот систем е посилен. Телото станува поефикасно во борбата со бактериите и вирусите. Расти издржливоста.

Исчезнува чуствството на замор. Коските се поиздржливи. Се забавува остеопорозата, се ублажуваат болките при фрактури на коски, болки во зглобовите… Кожата блеска, а вишокот килограми исчезнува. Телото подобро се справува со стресот.

Расте нивото на серотонин. Зато се препорачува на деца и на постари лица. Се намалува очниот притисок. Телото е заситено со витамини и хранливи материи.

Витамнот Д се пие ако не се јадат 2-3 порции риба дневно.

Рибиното масло пожелно е да се внесува во комбинација со некоја храна. Нутриционистите советуваат две супени лажици после главниот, добро избалансиран оброк. Добро е да се внесува со маслинки, маслиново масло и јаткасти плодови за да може витаминот Д подобро да се апсорбира. Здравите црева се важни за апсорпција на витаминот Д.

Содржи есенцијални киселини неопходни за телото, кое не може само да ги произведе. Се препорачува како дополнителна терапија за болести на срце и мозочен инфаркт. Потоа, кај Алцхајмерова болест, за депресија, психоза, хиперактивност, остеопороза, псоријаза, суви очи, глауком, за болести на бубрезите, во случај на отоци и болни менструации, за регулирање на телесната тежина и кај висок притисок.

Сонцето помага да се синтетизира витаминот Д неопходен за силни мускули и коски, нормален притисок, здраво срце и нерви. Иако изворите на витамин Д се лесно достапни, кај многу луѓе е утврден недостиг. Витамин Д го има кај житариците, црниот дроб, млекото и млечните производи, во жолчката од јајце и печурките. Препорачана дневна доза е околу 400 ИЈ, а за лицата над 71 година 600 ИЈ. Ако не постои адекватно изложеност на сонце, тогаш дневнната потреба е двојно поголема, околу 800 ИЈ.

Децата чии што мајки консумирале рибино масло го намалуваат ризикот од заболување. Високите дози на омега три масни киселини помагаат во закрепнувањето после срцев инфаркт, оти ја подобрува работа на срцевиот мускул.

Рибиното масло е добро за здравјето, оти содржи омега-3 масни киселини, кои организмот не може да ги произведе и  нужно е да се внесуваат преку храната или додатоци. Рибите се најдобриот извор на омега 3 масните киселини и тоа харинга, лосос, сардини, туна и пастрмка. Омега-3 масните киселини влијаат на растот, развојот и за одржување на нормалната функција на мозокот. Оваа хранлива состојка е поврзана со подобро учење, концентрацијата и меморијата. Игра клучна улога во развојот на видот.

Loading