ПРИЛЕП МОРА ДА БИДЕ ПРВАК ВО ПЛЕЈ-АУТОТ ЗА ДА ОПСТАНЕ

Ракомет

Поразот дома од Тиквеш (30:36) беше пресуден што екипата на РК Прилеп не успеа да се пласира на 3 место, во плеј-офот од Супер лигата. Попусто беше триумфот од 21:19 над Бутел во Скопје, бидејќи во последното коло постоеја два услова – да се победи Еурофарм Пелистер 2, а да се очекува реми или пораз на Тиквеш од Работнички во Скопје. Вториов услов беше невозможен (Тиквеш победи со 31:29), така што владееше демотивација која доведе до пораз со 16:23 од битолчаните. Прилепскиот тим го зазеде 5 место и ќе учествува во плеј-аутот, меѓу 8 екипи, и ќе се бори за опстанок. Ривали ќе бидат: Тиквеш, Работнички, Младост, Голден арт – КЛ 7, Радовиш, Јуниор КВ и Астраион. За опстанок, Прилеп мора да биде првак или, ако е втор, да биде успешен во бараж-мечот со првиот од Првата лига.

Расплетот во плеј-аутот ќе биде по одиграни 14 кола.

Loading