ДАРКО КРСТЕСКИ ОСТАНУВА ТРЕНЕР НА ПОБЕДА

Фудбал

Pobeda

Одмор е за Победа, по есенски дел од првенството во Втората лига – Исток, во кое го зазеде скромното 8 место, меѓу 10 тима на табелата. За овој клуб, во кој било ранг, со кои било резултати, одморот не е апсолутен мир, ами оценките, коментарите, дискусиите се секогаш обилни.

Уште не е завршена процедурата, според која клубот треба од акционерите да премине во Општината, да биде градски. Се очекува тоа да се заврши многу скоро. Се смета дека периодот зад нас е поминат во остварување на приоритетната цел – спас на клубот, избегнување на стечај, преку намалување на големиот долг. Задоволството е што клубот постои, покрај тоа што нема ниту в.д. претседател, туку првиот човек Миле Спиркоски, со поддршка уште на неколкумина, е само овластено лице на акционерите за да го води клубот додека се најде некој приватен инвеститор. Клубот ги извршил сите обврски кон тренерите и играчите.

Скромниот пласман е очекуван, со оглед на младиот и недоволно искусен играчки кадар. За најголем хендикеп се смета играњето на Могила. Терен е и полош и потесен од оној на Градски. Не е предност за домаќинот, туку му овозможува на гостинот полесно да се одбрани. Екипата, и кога губела, не била надиграна. И против најквалитетните противници низ судиски неправди, за влакно избегнат е пораз со 1:2 од лидерот Брегалница. Реми, 0:0, имаше со второпласираниот Тиквеш. Клубот е единствен во државава и многу пошироко, кој во Втора лига игра само со кадар од сопствената школа. Таа се одржува со 200 млади фудбалери, низ солидни резултати ако се погледне табелата од Супер лигата – севкупно 4 место, а 1 место во Пионерската лига.

Наредниот собир на фудбалерите и тренерите е најавен меѓ 10 и 15 јануари. Екипата и напролет ќе ја води тренерот Дарко Крстески, со кого бил постигнат договор. Доколку се обезбедат средства, ќе се донесат три – четири засилувања. Во спротивно, ќе се игра со истиот кадар, кој, секако, ќе е поискусен. Ќ е биде мошне тешко, затоа што шестопласираната Слога има 6 бода повеќе. Шестото место, како што стојат сега работите, е спасоносно. Напролет прво е гостувањето кај Брегалница, потоа дома со Слога, па уште еден круг со 9 меча.

Оптимистите велат дека е можно мечот Победа – Слога на 6 март да се игра на Градски.

Loading