ВО БЕЛИОТ МАНТИЛ, УМЕТНИЧКА ДУША

Љубинка Бошкоска постхумно објави книга за нејзиниот сопруг, ортопедот Трајче

– ,,Стори нешто, е насловот на книгата по повод 10 годишнината од смртта на докторот и хуманист, Трајче Бошкоски

Бесмртноста се добива со дела. Со убави гестови, со хуманитарни акции кои остануваат по заминувањето од овој свет. Спомените најмногу живеат преку уметноста, низ стиховите, песните, музиката, сликите… Стори нешто, да те паметат луѓето. А токму во духот на незаборавот, благодарноста и љубовта, прилепчанката Љубинка Бошкоска стори нешто. Издаде, постхумно, книга посветена на нејзиниот сопруг, истакнатиот ортопед Трајче Бошкоски. Ја наслови ,,Стори нешто,,, по една од неговите песни, а  по повод 10 годишнината од неговата смрт. Во книгата таа открива дека во белиот мантил, освен доктор – ортопед, живеел и голем хуманист, но и уметник. Пишувал, свирел и цртал.

– Трајче беше сеопфатна личност. Поседуваше квалитети, од сé по нешто. Знаеше да биде насекаде, дома, со пациентите и роднините и пријателите. Сакаше на сите да им помогне, да бидат здрави, насмеани и спокојни. Книгата самоиницијативно произлезе. Остави материјали кои не ги знаев. Знаев дека пишува песни од поодамна. А пред да почине го напиша и романот ,,Сага за македонска достага”, односно Словенска антитеза. Покрај со поезијата и прозата, сликаше. Поседуваше и дарба за музика, по татко му кој свиреше на гајда, а мајка му имаше многу убав глас. Таков глас имаше и неговата сестра. Сега го наследи неговата ќерка и внуците во Сицилија, Италија – објаснува неговата сопруга Љубинка.

CIMG3207Опфатен е професионалниот живот, како лекар специјалист – ортопед со над 2 000 прегледи, бесплатни на децата во градинките, училиштата и  детскиот диспанзер во манифестацијата ,,Месец на здраво дете,,. Претставен е и како писател, музичар и сликар. 

– Сакам да видат кој беше Трајче и каков беше неговиот живот. Свиреше гитара и клавир со ќерката. Сликаше додека бевме на одмори и кампувања. Ова е една благиодарнсот, почит и незаборав за сите изминати заеднички години. Желба ми беше да го запознаат и оние кои не го знаеја, а тие кои го познаваа да се потсетат по 10 годинии – вели таа.

Насловната страница е копија од негово уметничко дело кое се наоѓа и на надгробната плоча, а оригиналот е во Италија кај ќерката. Оставил над 30 слики на платно и во туш техника.

Благодарност за  соработниците

Во книгата помогнале многу соработници. Пред се, неговите колеги лекари, неговиот близок пријател Слободан Беличанец, Соња Зоговиќ, проф. д-р Наталија Лапаева, која, иако не го познавала, но преку книгата го запознала. Потоа Мирјанка Ристеска Селчанец, како и внукот Никола Настоски, со кого Љубинка со саати, по 5-6 саати збор по збор по телефон ја уредувале книгата. Била вклучена и неговата внука Марија Попоска која за петгодишнината од смртта го подготвила ЦД-то за вујко í Трајче.

Loading