ВТОР БРОЈ НА СТРЕМЕЖ

aОд печат излезе новиот број на списанието за литература, уметност и култура Стремеж, што го издава ЦК ,,Марко Цепенков,,. Од поезијата се објавени нови песни од Васил Тоциновски, Слободан Беличански, Марина Икономова-Шокева и хаику поезија од Пере Ристески. Се промовира поезијата на македонската авторка Мариета Дукиќ. Од прозата може да се читаат делата од Митко Маџунков, Светлана Камџијаш, Ана Стојаноска, триптих раскази од Сашо Димоски и извадок од необјавениот роман ,,Деса,, на Ивана Трајаноска.

Стремеж донесува и препеви, преводи, критики, есеи, студии… Објавен е драмскиот текст ,,Спортска му е мајката, комедија од Сузана Ѓорѓиевска.

Loading