ГЕРМАНСКИ МЕКИ ЛЕПЧИЊА СО КРЦКАВА КОРА

Потребни се 500 гр сенаменско брашно, плус за домесување, 7 гр. сув квасец, лажица шеќер, 375 мл. вода и 1,5 лажичка сол

Состојките треба да бидат на собна температура. Во подлабок сад се става 300 мл. млака вода, сувиот квасец и лажица шеќер.  Се мешаат да се раствори шеќерот. Се остава 15 минути да се активира квасецот. Потоа се додава 250 гр брашно и уште 75 мл вода. Се меша убаво и садот  се  покрива со проѕирна фолија. Се остава да зрее додека се појават меурчиња. Потоа  се додава уште 250 гр брашно и 8 гр сол, па добро меша со лажица или со рака. Тестото е меко и лепливо. Се става на набрашнета површина и се меси уште околу 8 минути. Тестото се формира во топка. Се намастува и се остава во намастен сад да стасува покриено околу еден час. Стасаното тесто се тресе на малку набрашнета површина и уште еднаш лесно премесува. Се дели на 10 парчиња. Од секое се формира топче. Се покрива и се остава 15 минути. Потоа секое топче со сукало се развлечува елипсовидно со еден подебел крај. Се преклопува уште двапати да се добие кифла-лепче. Се редат на намастен плех покриени, и се остават да одморат еден час. Со остар нож се сечат малку на средината, се прскаат со вода и и се ставаат да се печат во загреана рерна на 230 степени околу 20 минути. На дното од рерната се става сад со врела вода за да бидат лепчињата уште помеки. После 10 минути печење, повторно се прскаат со вода и веднаш се затвора рерната.

Loading