„КАЖИ НЕ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА“

Онлаин расправа се одржа по повод 16-дневниот активизам насочен против родово базирано насилство и насилство врз жената, под мотото ,,Кажи Не на насилство врз жени и девојчиња,,.

Дејан Тошески, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа истакна дека МЦСР е подготвен за стручна реакција со ставањето на населението во карантин и ограничувањето во движењето.

-Постои благ раст на семејното насилство за време на карантинот. Но, просекот годинава не бележи позначајно зголемување. Околу 240 е бројот на пријавит – рече Тошески.

За Аксиња Гарбеска Кебакоска, специјалист по социјална медицина од Центарот за јавно здравје, важно е што последиците се далекусежни, не само на жртвата, туку на семејството и децата.

-Жртвите добиваат нарушувања на физичкото и менталното здравје, кое се манифестира со пострауматски стрес, од главоболка и нарушување на сонот до длабока депресија и суицидивни мисли, кои завршуваат со самоубиства. Неретко жртвите посегнуваат по алкохол и дрога. Жените кои доживеале сексуално насилство се изложени на сексуално преносливи болести. Бремените жени имаат поголеми шанси за спонтан абортус или предвремено раѓање – потенцира Гарбеска Кебакоска.

Полицијата укажува помош при семејно насилство, што вклучува заштита на жртвите, откривање на сторителите и спречување на семејното насилство.

Loading