30 ТАБЛЕТИ ЗА СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ И „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

ДОНАЦИЈА НА ЦГИ И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА        

Tableti za ranlivite kategorii od  CGI

НВО Центар за граѓански иницијативи (ЦГИ), која 23 години делува за подобрување на човековите права, подари 34 таблет компјутери за ученици од социјално загрозени семејства, од кои 15 во СОУ ,,Орде Чопела,, 15 во СОУ ,,Ѓорче Петров,, и 4 таблети на ученици од основните училишта во општината Долнени. Донацијата е дел од проектот – Акции против родово базирано насилство кај Ромите и другите маргинализирани групи, поддржана од германската амбасада.

-Активноста продолжува со помош на 111 социјално загрозени семејства во Прилеп, за Роми. Донацијата содржи пакети со хигиенски и други неопходни средства – истакна Гоце Тодороски, извршниот директор на ЦГИ.

-Невладината организација со години дејствува хуманитарно во детските градинки и основните училишта. Годинава, заедно со германската амбасада, донираа санитетско возило за болницата – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Емилија Николска од СОУ ,,Орде Чопела,, истакна дека таблетите се за учениците кои ја следат наставата од далечина, а не поседуваат технички уред и ова е нов почеток за нив.

-Хуманата акција го забрзува напредокот на образованието. Наставниците ќе ги следат континуирано постигнувањата на учениците – потенцирапе Николоска.

Општината Прилеп распиша тендер за набавка на нови лап-топ компјутери за онлајн настава за учениците од ранливите категории.

Loading