„НАУМ И СИНОВИТЕ“ – ТРЕТО ДЕЛО ОД БОЖАНА ТРЕНЧЕСКА

Bozana trenceskaПисателката Божана Тренческа го објави трето дело, романот ,,Наум и синовите,,. Станува збор за современа битова приказна од случувањата во едно семејство во втората половината на минатиот век.

Според Тони Павлески, навидум романот е едноставен, но е полн со прекрасна реторика и размислувања за животот и миговите кои го прават богат со драгоцени ситни детали.

-На својствен начин се отликува блиското минато, кое остава на долго размислување преку богатиот опис на ликовите и темите. Романот е универзален. Содржината е вкусно четиво, кое може со сласт и со леснотија да го ,,голта,, помладата и повозрасната генерација. Изобилува со поучни мисли кои се патоказ за младиот човек во откривањето на местото под сонцето. Ги поттикнува младите на размисла за целта во животот – вели рецензентот Тони Павлески, потенцирајќи дека е насликан и градот и луѓето кои живеат во него.

Тренческа пишува  од младоста. Активен член е на Клубот на литературни творци. Учествувала на литературни натпревари и добила награди и признанија. Има нејзин потпис на збирката ,,Поетот и зборовите,,. Меѓу корици го ставила текстот на романот ,,Бојан на Тодор,,.

Loading