„КАМЕНОТ“ – ЖЕЛБАТА ЗА ВИСТИНА

По премиерата во театарот

Kamenot foto

,,Каменот,, во режија на Кристина Димитрова е претставата, која ансамблот на театарот ја прикажа премиерно, хроника за семејството Хајзинг меѓу 1935 до 1993 година. Фабулата е за семејство кое бега од својата вина со бегство на ревизија и поедноставување на минатото. Со разни, добро монтирани драматуршки инсталации, фон Мајенбург го истражува односот меѓу историјата и идентитетот. Деконструктивистичкиот пристап се следи преку мит, се реобмислува историјата и митовите се претвораат во темел на приказната за идентитетот.

– ,,Каменот,, е предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период, оти се осликуваат чувствата на нашите предци денес. Станува збор за поглед во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, без оштетување на позитивната самоперцепција. Авторот се занимава со сложеното прашање на одговорност во контраст со идејата за вина – додава Димитрова.

Играат, Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска, Димитар Ѓорѓиевски,, Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчевски и Марија Димитрова. Драматург е Лидија Митоска Ѓорѓиевска.

Loading