ГРАДСКА КУГЛАРСКА ЛИГА

Историја

Во јули 1986 година во Прилеп беше тема куглањето. Овој спорт заживеа две години претходно со автоматската куглана во салата Македонија. Од ден на ден кугланата стануваше се поомилено катче за забава и рекреација. Покрај редовните термини за граѓните, кугланата ја користеа работните организации. Секој ден по два часа минуваа работниците од Политекс, Билјана, Енергоинвест-11 Октомври, Металец, Пролетер, и други.

Автоматската куглана располагаше со три патеки, од коифункционални беа две, а за третата се бараа финансии за опремување. Финансискиот проблем го попречи обезбедувањето на греење. Во зимата кугларите спортуваа во тешки услови. Ако се надминеше, се размислуваше за формирање Градска кугларска лига. Се планираа екипи од претпријатијата, од месните заедници и од граѓаните. Масовноста беше очекувана, бидејќи старосната граница не беше пречка и можеа да се вклучат сите генерации.

Куглањето не е скап спорт. Потребна е обична спортска опрема, малку кондиција и – многу волја.

Loading