МУРАЛ ЗА НАДЕЖ

mural

“Иако наставата се одвива онлајн, без физичко присуство, училиштата треба да бидат и да останат инспирација за учениците, за полесно да се поднесе и надмини тешка ситуација во која се наоѓаме”.

Ова го вели уметникот Методи Исков, професор по ликовна уметност, кој наслика мурал во дворот на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, долг 10 и висок 4 метри. На десната страна е претставен стилизиран портрет на патронот на училиштето Кузман Јосифоски – Питу, а на левата матуранти кои се радуваат на својот успех и иднина. Во заднината прилепскиот заштитен знак, Марковите Кули.

-Муралот претставува инспирација и надеж учениците да се вратат во училишните клупи и да создаваат убави спомени, другарство успеси кога ќе се надмини оваа ситуација. Можеби ова ќе е почеток на идеи и начини на едукација. Предводени од менторите, наставниците и професорите, и учениците да земаат учество – вели Исков, кој досега насликал повеќе мурали низ  институции во градот.

Loading