ПРИЛЕП ВО КАРАНТИН?

За 9 дена, 26 починати

Градоначалник Илија Јованоски бара карантин за Прилеп и околните места, поради алармантната ситуација со пандемијата на коронавирусот. Денеска, петок, ќе се знае дали здравствените власти ќе одговарат на барањето на градоначалникот за ставање на цел град и општината во изолација. Пред тоа нужно е да се направи анализа за временскиот период и за подготовка на граѓаните.

-Последните 9 дена има 26 починати. Само на 24 ноември имаше 6 починати пациенти. Две недели од моето доаѓање на инфективното одделение, ги повикувам сите здравствени работници да им помогнеме на колегите во дел од слободното време. Знаевме дека ќе биде вака. Спремни сме за т.н. трет бран. Има место во болницата. Над 100 болнички кревети се на располагање, плус 50 болни ја користат дневната болница. Пациентите најчесто се заразуваат од еден процент на граѓаните кои не носат маски. Дел од граѓаните не веруваат и не се придржуваат до протоколите. Барам од Централниот кризен штаб во Прилеп да се воведи карантин, оти, по Скопје, имаме најмногу заразени и починати – изјави Јованоски, кој по завршување на работите како градоначалник го облекува белиот мантил и им помага на лекарите во болницата.

Инаку, и гинеколошкото одделение на болницата е адаптирано за заболени од Ковид 19. 

Loading