МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ДЕСЕТТИ НАЈСТАР ЈАЗИК ВО СВЕТОТ

pismo-2

“Македонија е мала, но е голема земја. Големо ни е името, че ни посегнат по него”. Ова го велеше нашиот видовит Блаже Конески.

Борба, борба и крајот се знае, смрт за родната земја, смрт на родната земја. Смртта за нив, тоа не е ништо. Тоа е насмевка која треба да ја дадат за својата татковина. Да знаеш дека си човек патриот, не затоа шо некој те тера тоа да бидеш, туку затоа што сам си одбрал да станеш. Судбината ни ги потиснала чувствата и единствено што можеме да постигнеме кај некој е срам или сожалување. Зарем безизлезноста е природа на Македонија. Уште на дрво што не не качија за нагледно да покажат дека навистина потекнуваме од мајмун. Дали нас не сметаат за воен плен или пријатели за соработка.

Убиството на македонскиот идентитет почнува со поразот на македонскиот цар Самуил од римскиот император – македонецот Василиј 2. Минатото не било важно. Тоа го велат тие што не знаат како се формира националност. Зошто се срамиме да одиме во длабочината на нашиот идентитет?

Јазиците се стари колку и човештвото. Нивната еволуција се случува бавно, генерација по генерација. Еве го списокот на десетте најстари јазици во светот која ја спровеле меѓународни лингвистички истражувачи.

1.ХИБУ – се зборува во Израел и кај сите Евреи во светот.

2.ТАМИЛ – официјален јазик во Индија, Шри Ланка и Сингапур. Над 78 милиони го зборуваат.

3.ЛИТВАНСКИ.

4.ФАРСИ – се зборува на териториите на Иран, Авганистан и Таџикистан.

5.ИСЛАНДСКИ.

6.МАКЕДОНСКИ – потекнува од територијата на АНТИЧКА Македонија, јазикот кој е најблизок до старословенскиот е раширен од просветителите Кирил и Методиј низ цела Европа.

7.БАСКИСКИ.

8.ФИНСКИ.

9.ГРУЗИСКИ.

10.ИРСКИ – ГАЛСКИ – се зборува кај дел од Ирците.

Сите овие јазици имаат нешто античко. Некои уште не можат никако да разберат дека Македонците се посебен народ кој влијаел врз своите соседи и пошироко на секаков план, па и на јазичен. Што толку ги возбуди нашите соседи авторот да дава дополнително образложение за македонскиот јазик.

“Гледејќи ги коментарите во врска со сложените историски настани меѓу Македонија и Бугарија ние од “Тхе цултуре трип” би сакале да укажеме дека покрај комплексноста, преовладува академскиот концензус надвор од регионот, дека бугарскиот и македонскиот јазик се автономни и имаат одделни дијалектички бази”.

“Етничка политика” е истражувачка платформа за етничките прашања од целиот свет. Основачот АХМЕД АЛ САИД вели: “…т.н. “Преспански договор” со кој наводно “се реши” древното македонско прашање, во реалноста служи да се лишат Македонците од нивното право на самоопределување, име, идентитет и историја”.

Македонскиот јазик е кодифициран од Кирил и Методиј. Тоа е говор на Македонците од околината на Солун, со брилијантниот превод на Библијата. Дури и ромејската црква го користи тој јазик. Сите словенски јазици извираат од македонскиот: чешки, руски, словачки, бугарски, српски, полски. Бугарскиот јазик е дијалект на македонскиот. Бугарите го преземаат јазикот од нас и се христијанизираат. Сакаат да се вглобат во македонскиот идентитет за да им ги испере сите валканици. Историските гревови се премавнуваат со помирување, со извинување. Гревот не е наследен, вели шекспировиот Тимон Атињанецот. Ни надежта не е за секого. Таа треба да се заслужи. Додека не се отрезнат неотрезнатите.

На историјата веќе í е смачено од нас, од громогласните приказни, плашливи дејанија, компромиси, предавства. И се гади од одвратниот факт дека толку македонски херои ги дадоа животите за слободна Македонија и дека нивната борба и крв се престоруваат во заложник за туѓи интереси.

ПРИМ. Д-Р Б. ДАМЕСКИ

Loading