ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (75)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Доброволно пријавени ударници од с. Марул

Јовчески Ванѓелов Трајко Велјаноски ударник беше еден месец во 1960 година во Грделичка клисура во местото Џеб кај Лесковац во Србија работеше на автопатот Лесковац Врање.

Ристески Ристев Благоја Дамјаноски ударник беше еден месец во 1964 година, работеше на проектот изградба на новиот автопат Скопје – Велес.

Овде правиме уште една прилика да ги спомниме партизанските борци од с. Марул како учесници за раѓањето на оваа македонска држава 1941 – 45 година заедно со сите македонски народи. Нежалајќи се себе, своите фамилии и сите најблиски.

Атанасоски Мицев Дончо Танески;

Атанасоски Мицев Тане Танески;

Атанасоски Ристев Јован Танески;

Василоски Јованов Алексо Василоски;

Митрески Ристев Мите Мурџески;

Велјаноски Ристев Благоја Велјаноски;

Дамјаноски Дамјанов Никола Дамјаноски;

Ѓорѓијоски Ристев Дончо Јанкоски;

Јованоски Јованов Алексо Јоноски;

Јованоски Јованов Кристо Јоноски;

Јованоски Илијев Цветан Крушка;

Јованоски Тодоров Лазар Тодороски – четворицата Јованоски се втори брачеди;

Јошески Божинов Петре Котески бил кратко;

Мојсоски Крстев Кире Колески кратко бил;

Новачески Димитријов Велјан Димитријоски;

Павлески Трајанов Игне Павлески;

Петрески Велјанов Ванчо Бабјак;

Петрески Цветанов Ванчо Мурџески;

Ризоски Колев Борис Бошески;

Ристески Стојанов Блаже Танески;

Ристески Велјанов Димко Танески бил кратко;

Ристески Велјанов Ордан Танески;

Ристески Ристев Китан Јанкоски;

Стојаноски Илијев Ѓорѓија Котески бил кратко;

Стојаноски Илијев Тоде Котески.

Селски одбор за позадина во с. Марул

Атанасоски Стојчев Мице Танески, селски одборник;

Јованоски Талев Тодор Бубуз;

Новачески Димитријов Јован Димитријоски;

Ристески Стојанов Милан Василоски Кирил

Загинати партизански војници од с. Марул

Новачески Димитријов Велјан 1923 – 26 – 9 – 1944 година при заземањето на прилепската касарна. Новачески Велјан бил војник во 10-тата МНОУБ која извршила напад за заземање на прилепската касарна. Велјан Новачески бил убиен од германските митралези, а  додека неговиот комшија соселанец Ѓорѓијоски Ристев Дончо Јанкоски ранет во грбот му се запалиле алиштата. Велјан вечно се оделил од куќните луѓе, од ќеркичката Севда и сопругата Цена.

Марул Дала голема економска помош во тоа време селото броело 32 домаќинства и заедно со канатларската прехранбена ја одржало четири дена Втората македонска народно ослободителна ударна бригаде од 500 партизански борци со храна, облека, болнички смештај и со четири транспортни добици од 12 до 16 септември 1944 година. Позајмените добици биле три коњи и едно магаре. Коњите биле по еден Велјаноски, од Ристевци Мурџевци и од Павлевци Јоновци. Магарето било Колеско.

Марулски Војници во бугарската армија за време на Втората светска војна 1941 – 1944 година

Атанасоски Мицев Дончо Танески;

Велјаноски Ристев Ѓорѓија Велјаноски;

Јованоски Илијев Цветан Крушка;

Јованоски Јованов Алексо Јоноски;

Јованоски Тодоров Лазар Тодороски;

Јошески Божинов Петре Котески;

Дамјаноски Дамјанов Никола Дамјаноски;

Митрески Ристев Мите Мурџески;

Новачески Димитријов Велјан Димитријоски;

Павлески Трајанов Игне Павлески;

Ризоски Колев Борис Бошески;

Стојаноски Илијев Ѓорѓија Котески;

Јованоски Анѓелев Димитрија Јоноски;

Јовчески Ристев Ванѓел Велјаноски.

Војникот Велјаноски Ристев Ѓорѓија 1920 – 13 – 5 – 1944 година. Ѓорѓија како војник до 1941 бил српски, од 1942 бугарски војник. Ѓорѓија бил на положај стражар на границата бугарска со границата на Милан Недич на Србија во близината на селото Лабураѓе бабушничко околија во близината на градот Пирот денес во Србија. Со нападот на српските партизани погинува Ѓорѓија со повеќе негови другари. Неговите воени документи, воената книшка и депешета ги чуваме, а додека негова гробница не знаеме.         

Продолжува

Loading