„ЛУНАРНО – СОЛАРНО, КАМЕНО – МЕТАЛНО, КЛИН“ ОД ДАМЈАН ЃУРОВ

Изложба

Gurov

 

Изложбата ,,Лунарно – Соларно, Камено – Метално, Клин,, од Дамјан Ѓуров, ќе биде поставена од денеска во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Поставката е симбиоза на три циклуси, преку техничка и идејна концепција.

Во циклусот Лунарно-Соларно се потенцира симболичкото доживување на светот и неговиот космоген карактер, а во циклусот Камено – Метално време се навраќа повеќе на земскиот карактер и поопипливо ја доловува земската и архаична димензија кај човекот. Во последниот циклус Клин, со различен пристап, сепак симболички, го соочува човекот со егзистенцијалните проблеми и неговото присуство во општество. 

– Циклусите имаат еден сличен пристап  на комбинација на матријалите и нивното спојување. Симболиката се проткајува низ делата од двата циклуси и преку спојувањето на матријалите и преку идејната концепција. Изоставен е фигуративниот приказ на човекот. Во Клин се навестува ново поглавје, во смисла на матријалната концепција. Во симболичката и историска вертикала, главниот чинител е човекот. Преку него се толкува мојата концепција. Циклусите го доловуваат развојот на една мисла во идејна и во техничка смисла – вели уметникот Ѓуров.

Ѓуров е дипломец на ФЛУ во Скопје. Имал самостојни и групни изложби. Учествувал на повеќе ликовни колонии.

Loading