АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Сите желби не може да ги огрее едно Сонце.

x

Ниту дава, ниту зема, само граба, граба…

x

И на криминалците не им е лесно. Конкуренцијата е се’ поголема.

x

Некој што е никој и ништо обично се претставува дека е за се’и сешто.

x

Не се радувај на среќата што наеднаш доаѓа.

x

Се’ и сешто посакува, ама  не сака  ниту со прст да мрдне.

x

Забревтаната потрошувачка  го истрошува – човекот.

x

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading