ЛАВРИ ЗА ФИЛМАЏИИТЕ

На 28 издание на Фестивалот ФАДФ Камера 300 во Битола нашите филмаџии освоија награди, потврдувајќи дека се во врвот на изработка на филмови во земјава. Љупчо Ристески се закити со наградата Сребрена камера 300 за филмовите ,,Бакар,, и ,,Секирџија,, на тој начин презентирајќи ги старите прилепски занаети.

Наградата Плакета за монтажа замина во рацете на авторот Филип Петрески за филмот ,,Чевли,,. Специјална награда, плакета му беше доделена на  авторот Зоран Пиловски  за филмот ,,Тишина,, за трајни уметнички вредности, со кои ја пренесува тишината во градот по појавата на пандемијата од корона вирусот и изолацијата во пролетните месеци. Видеото со илјадници прегледи, е автентичен приказ на улиците, плоштадите, парковите и знаменитостите при полициски час. Може да се видат Марковите кули, Саатот, прилепските плоштади, Могилата, училиштата…

Loading