ЧИСТЕЊЕ НА НИКОТИН

Иако пушењето е штетно и предизвикува бројни болести, луѓе пушат и ги трујат белите дробови и целиот организам. Сепак, за поздрав живот, постои рецепт за чистење на белите дробови од налепениот катран кој за кратко време предизвикува исфрлање на сите отрови полесно дишење, јакнејќИ го организмот.

Навечер пред спиење, се полни термос со зовриената вода и ловоровите листови. Наутро се процедува и чајот е спремен. Се препорачува дозата да се подели на три дела и секој дел да се испие правилно распореден во текот на денот. Се пие 20 минути пред главните оброци.

Ловоровиот лист е лековит. Освен како зачин, се приготвува чај за прочистување на организмот. Може да се и прочистувач на воздухот со распоредување на листови во секоја просторија.

За олеснување на  белите дробови пожелно е да се јаде риба, бидејќи содржи селен кој помага во детоксикацијата, потоа портокали и цитрони, да се пие барем 2,5 литри вода дневно, да се конзумира боров мед и сок од моркови.

Дишење на стомак

Вежбите за дишење се многу корисни за пушачите. При издишувањето треба дасе фрла целиот воздух од белите дробови. Така се спречува таложење на токсините. При вдишувањето на  стомакот, се полнат белите дробови со воздух, а при издишување се празнат како балон. Добро е да се знае како се диши на стомакот.

Loading