ПРИЗНАНИЕ ЗА КОМФИ АНГЕЛ

Biznis zaednicata na proslavata na  60 godini EF

На одбележувањето на 60-годишнината од Економскиот факултет, меѓу претставниците од бизнис секторот, беше и управителката на компанијата Комфи Ангел, Ирена Јакимовска. Деканот на факултетот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска ги нагласи цврстите партнерства и соработка со бизнис заедницата, изразувајќи благодарност на Комфи Ангел за несебичниот придонес за организирањето  на одбележувањето на годишнината.

Комфи Ангел е потврдена компанија со висока општествена одговорност. Ги негува воспоставените конекции со академските институции преку поддршка на студентите, како главни актери на прогресивните движења во земјава.

МАСКИ ЗА ОХРИЃАНИ

Комфи Ангел донира заштитни маски за охридските основци. Лајанс клубот Лихнидос и Комфи Ангел подарија 15000 медицински маски за сите ученици од основните училишта и за децата со аутизам кои ги посетуваат дневните центри.

Проф. д-р Зоран Тунтев посочи дека Компанијата ја негува соработката со години преку опремување на повеќе одделенија во охридските болници, градинки, манастирски комплекси, како и помош дадена при поплавите од 2016 година во скопскиот регион.

Loading